“Вечери на женски права” на повеќе локации во Скопје

Сподели

 

Од 8-ми до 10-ти март, во Младинскиот културен центар и Кинотека, ќе се одржи 13-то издание на „Вечери на женски права“.

Ова е настан кој на различни локации во Скопје, традиционално се организира од 2010 годин, а и е под покровителство на Град Скопје.

Настаните кои се организираат во рамките на оваа манифестација, понудија алтернатива во прославувањето на Меѓународниот ден на жената – 8 Март, а искуствата од претходните изданија покажаа дека граѓаните на Скопје имаат огромен интерес за вклучување во активности по однос на прашања поврзани со женските права и со родовата еднаквост.

 

Програма 08 МАРТ – МКЦ Галерија

19:00, Меѓународна ликовна изложба „Будење 3“;

08 МАРТ – МКЦ Кино Фросина

20:00 часот -Обраќање на градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска; -Обраќање на Весна Ивановиќ-Кастаред, раководителка на канцеларијата на UN Women во Македонија;

-„Дејт“, авторска монодрама на Сандра Сијалџев;

09 МАРТ – Кинотека, 20:00ч.

Проекција на документарните филмови: – „HER“ (45 мин.) САД, режија: Хуан Карло Бореро, Мелоди Карли; – „The Dark Way“ (48 мин.), Иран, режија: Анахид Давари; 10 МАРТ – Кинотека, 20:00ч. Проекција на документарниот филм: – „Caught in the Net“ (100 мин.), Чешка Република, режија: Вит Клушак и Барбора Чалупова;

Дополнителна програма * Во месец март ќе се одржат проекции на документарниот филм „Caught in the Network“ (60 мин. верзија) за ученици од средните училишта на Град Скопје, во Кинотека.

„Вечери на женски права“ се организираат под покровителство на Град Скопје, во реализација на Авард Филм и Видео и во партнерство со UN Women и Интернационалниот универзитет ЕУРОПА ПРИМА.

Влезот е БЕСПЛАТЕН за сите настани.