По повод Меѓународниот ден на жената – 8 март, Државниот архив отвори изложба на тема: “Македонската жена во Големата војна 1914-1918”.
На изложбата се презентирани значајни документи од нашите архивски фондови и жената е претставена од тој период како: мајка, сопруга, борец, лекар, уметник, работник…
Оваа изложба, што зборува за улогата на сите жени на територијата на Македонија во периодот на Првата светска војна, е поставена во Музејот на македонската борба за самостојност и ќе трае една недела.