Русија денеска ќе обезбеди хуманитарни коридори за луѓето кои бегаат од главниот град на Украина и четири други градови. Илјадници луѓе вчера се обидоа да ги напуштат градовите низ земјата преку хуманитарни коридори со ограничен успех бидејќи континуираното руско бомбардирање пресече некои од излезните правци, пренесува РСЕ.
Шефот на рускиот Национален контролен центар за одбрана, Михаил Мизинцев изјави дека прекинот на огнот ќе започне во 10 часот по руско време со цел да се обезбеди безбеден премин за цивилите кои сакаат да го напуштат Киев, Чернихив, Суми, Харкив и Мариупол.
ОН вчера соопштија дека повеќе од 2 милиони луѓе ја напуштиле Украина од почетокот на руската инвазија на 24 февруари, што ја предизвика најтешката бегалска криза во Европа од Втората светска војна.