Голем шок за Челзи – Премиер лигата донесе ригорозна одлука за Абрамович!

Сподели

Фудбалската Премиер лига го дисквалификува сопственикот на Челзи, Роман Абрамович од функцијата директор на клубот, откако британската влада воведе санкции против него поради руската војна против Украина.

фото: PROFIMEDIA

„Откако британската влада воведе санкции, Управниот одбор на Премиер лигата го дисквалификува Роман Абрамович од позицијата директор на фудбалскиот клуб Челзи“, се наведува во соопштението.

Со одлуката на Управниот одбор да го дисквалификува рускиот олигарх од директорската позиција, завршува неговата 19-годишна контрола над клубот од Западен Лондон, но тоа нема да влијае на играчите.

„Одлуката на бордот не влијае на способноста на клубот да тренира и да ги игра своите натпревари“, се вели во соопштението на Премиер лигата.

Тимот може да продолжи да работи под лиценца издадена од британската влада кога го замрзна имотот на Абрамович, вклучително и Челзи, во четвртокот, поради врските со рускиот претседател Владимир Путин.

Лиценцата истекува на 31 мај 2022 година. Рускиот олигарх е сопственик на Челзи од 2003 година.

The post Голем шок за Челзи – Премиер лигата донесе ригорозна одлука за Абрамович! appeared first on Спорти.

Powered by WPeMatico