МАКЕДОНИЈА – Денеска ќе биде претежно сончево со слаб ветер од променлив правец.
Температурата ќе се движи од -10 до 12 степени.
Во Скопје, сончево и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до -7, а максималната ќе достигне до 10 степени.
Во следните три дена ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност и со пораст на температурата.
Поради спуштање на студена воздушна маса, во петок врнежите ќе преминат во снег и на повисоките места.