Виз Ер со нови летови од Скопје и Охрид

Сподели

 

Авиокомпанијата Виз Ер денеска најави постепено повторно отворање на седум линии и воведување на две нови линии од Скопје и Охрид до дестинации во седум држави, почнувајќи од март и мај.

Патниците повторно ќе можат да летаат од Скопје до Билунд, Бремен, Рим-Чампино, Турку и Векше и од Охрид до Фридрихсхафен и Меминген. 

Wizz Air ќе започне со работа на две нови линии Охрид-Лондон Лутон и Скопје-Малта. Овие рути се надополнуваат на постоечките од аеродромите во Северна Македонија до популарните дестинации. 

Авиолиниите Охрид – Фридрихсхафен и Охрид – Меминген почнуваат од 28 март, а од тој датум ќе се лета и на рутата Скопје-Билунд. За Охрид-Лондон Лутон, Скопје-Рим Чампино и Скопје – Турку, како стартен датум е ставен 21 март, а 23 мај за Скопје-Бремен, Скопје-Малта и Скопје-Векше. Местата за повторно отворените рути се веќе достапни онлајн на wizzair.com и преку мобилната апликација.