Стево Пендаровски

Сподели

“Никола Груевски е одлучен да оди на изборите на 5 јуни, сам, не само за да ја врати контролата на политичката ситуација во свои раце, туку и за да го врати интегритетот и авторитетот кај своето членство. – Имено, еднаш веќе изборите се одложија. Ако се одложат и сега, и ако има трет датум за избори, кај неговото членство ќе се создаде незадоволство и апатија. Тие ќе мислат, што е нашиов лидер, кој фактор е. Поради тоа ќе оди до крај, ќе освои апсолутно мнозинство на изборите, ќе формира еднопартиско собрание и влада и на тој начин ќе си обезбеди подобри позициии во идните преговори со меѓународниот фактор за новиот датум занекои следни избори. Тој не крие дека нема да има нови избори, но во преговорите за нив, ќе стартува со поцрвсти позиции. Во оваа влада сега нема целосна контрола, а во еднопартиската, ќе биде апсолутен владетел.”