Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територијата на целата држава беше спроведена акциска контрола за прекршоците што ги прават пешаците, при што беа изречени вкупно 170 мерки, меѓу кои 134 за небезбедно преминување на улица надвор од пешачки премин, 25 за непочитување на светлосните сообраќајни знаци итн. За време на контролата регистрирани се и 89 останати прекршоци.
МВР апелира граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.