Шпанската фудбалска легенда Икер Касиљас и спортската новинарка Сара Карбонеро цел свет ги запамти по познатиот бакнеж пред камерата на Светското првенство во 2010 година.
Сепак, тоа ќе остане само спомен бидејќи парот се разведува по 11 години брак….
Легендата на Шпанија, Реал Мадрид и Порто неодамна во емотивна исповед призна дека се соочува со бројни проблеми откако преживеа срцев удар, а потоа и развод.
Иако заедно поминаа низ многу тешкотии во текот на 11 години врска, како срцевиот удар на Икер, потоа туморот на јајниците на Сара, славниот пар повеќе не можеше да живее заедно.
Според некои шпански медиуми, прославениот голман за време на бракот бил во афера со Бугарката Надја Александрова.
Атрактивната „љубовница“ беше вклучена во живо во емисијата „Салваме“, а Бугарката не ја демантираше романсата со Касиљас!
Имено, Надја била шокирана, но е факт дека за оваа љубовна приказна веќе се знае.
“Боже! Од каде знаеш за ова? Тоа е нешто за што знаат двајца или тројца”, рекла девојката од Бугарија.
Таа нагласи и дека не е виновна што бракот меѓу новинарката и голманот се распадна, иако до новинарите стигнаа информации дека таа е во врска со Касилјас речиси две години.
„Не сум јас причината поради која раскинаа. Не се чувствувам како личноса која им го уништи бракот“, беше ладна Надја.
Старателството на децата по разводот и припадна на новинарката со која Мартин и Лукас ќе живеат во иднина.
По разводот, главната приказна беше поделбата на имотот. Поранешниот чувар на мрежата на кралскиот клуб и Порто изгради деловна империја која беше проценета на дури 350.000.000 евра.
Меѓу нив беа и четири компании за недвижности кои во текот на годината заработија вкупно 25 милиони евра.
Од друга страна, компаниите со кои раководи неговата поранешна сопруга заработиле милиони. Така, нејзиното богатство во 2019 година било проценето на 1.100.000 евра, а најуспешна компанија што ја води е „Memories of South Africa“.
Оваа компанија го добила името по местото каде што Икер стана светски шампион со Шпанија во 2010 година, а се занимава со производство на облека и накит.
Сара го основала во соработка со пријател во 2015 година, а годишниот промет е околу половина милион евра.
Покрај оваа компанија, Сара има и неколку имоти на атрактивни локации, кои се водат на нејзино име.
The post (ФОТО) Тажна љубовна приказна – Беа најпознатиот пар во Европа, а сега разводот ќе ги чини 350 милиони евра! appeared first on Спорти.
Powered by WPeMatico