АА го исклучи од партијата господинот Мухсин Арифи

Сподели

На состанокот одржан на 10 април 2025 година, Комисијата за етика на Алијансата за Албанците (АА) го разгледа случајот со г-дин Мухсин Арифи, претседател на Огранокот Сарај и директор на Геријатриската болница, осомничен од надлежните органи за земање мито.

Етичкиот кодекс на AА бара политичките претставници да имаат високи стандарди на морален, правен и професионален интегритет, а членовите на раководните структури да постапуваат во согласност со законот, Програмата и Статутот на партијата, избегнувајќи лични финансиски или материјални придобивки.

Врз основа на ова, Комисијата за етика донесе одлука за итно исклучување од партијата на г-дин Мухсин Арифи, како и негово разрешување од функцијата претседател на Огранокот Сарај, до донесување конечна одлука од страна на надлежниот суд.

AА нема да толерира никаква злоупотреба, прекршување на законот или на Етичкиот кодекс на партијата. Владеењето со чисти раце не е само слоган, туку морална и политичка обврска за секој член на АА, бидејќи довербата на граѓаните се стекнува и се одржува само со посветеност, чесност и интегритет.

Алијанса за Албанците, соопштение