Клиниката “Аџибадем Систина” преку суд бара наплата на 10 илјади евра од Бојан Јовановски – Боки 13, за неплатена операција на желудникот.
Но, денешното рочиште за долгот е одложено, заради откажување на адвокатот на Боки 13, кој го раскинал договорот за негово застапување на судските рочишта откако адвокатот на обвинетиот му го откажал полномоштвото. Следното рочиште е презакажано за 20 декември.