Ахмети: Невозможно е да има избори до крајот на годинава

Сподели

10552430_753989157970954_1531398469349495767_n

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, во интервју за тетовската телевизија „Арт ТВ“ вели дека избори на есен се невозможни и дека четворицата лидери имале договор датумот за избори да го прецизираат до декември.

– Договорено е со почетокот на декември да има согласност од страните кога ќе треба да се одржат изборите. Дали ќе се одржат во 2018 или 2017 година, тоа не можам да го прогнозирам. Годинава невоможно е да има избори, бидејќи за да има избори наесен, до 1 јули треба да имаме влада за организирање на изборите, а тоа е невозможно да се случи – вели Ахмети.

Ахмети: Невозможно е да има избори до крајот на годинава