Ахмети со Бејли и со Орав: Иванов целосно да ја повлече аболицијата

Сподели

ahmeti-bejli

Али Ахмети, претседател на ДУИ, на денешната заедничка средба со амбасадорот на САД, Џес Бејли, и со амбасадорот на Европската Унија, Аиво Орав, побарал Иванов целосно да ја повлече аболицијата без никакво одложување, а ДИК да ја заврши својата работа без опструкции.

„Лидерот Ахмети зборуваше за ставовите на Демократската унија за интеграција и побара Иванов целосно да ја повлече одлуката за помилување, без никакво одложување. Ахмети, исто така, ја истакна непосредната потреба Државната изборна комисија да ја заврши својата работа со прецизност, во согласност со закон и без заемна опструкција. Говорејќи за реформите, лидерот на ДУИ повтори дека Договорот од Пржино е во функција, додека законските обврски кои произлегуваат од овој договор треба да бидат усвоени со широк консензус“, се вели во соопштението од ДУИ.

Ахмети со Бејли и со Орав: Иванов целосно да ја повлече аболицијата