Активиран Механизамот за цивилна заштита на ЕУ за настраданите во поплавите

Сподели

eu-mehanizam-za-civilna-zastita

Активиран е Механизмот за цивилна заштита на Европската Унија по катастрофалните поплави кои го погодија скопскиот регион, а експерти на ЕУ ќе бидат распоредени во Македонија, соопштиденеска Европската комисија.

Тим на технички експерти ќе пристигне утре, на 9 август, за да ја процени штетата и да им даде препораки на државните и локалните власти.

– ЕУ е подготвена да и даде поддршка на БЈР Македонија во овој тежок период. Во контакт сме со властите во Скопје за да се овозможи брз одговор на барањето. Веќе испративме хуманитарен експерт денеска, а екипа на цивилна заштита ќе пристигне утре. Ги охрабрувам понудите за помош да дојдат што е можно побрзо. Ние сме, исто така, подготвени да обезбедиме и хуманитарна помош доколку е тоа потребно – вели комесарот за хуманитарна помош Христос Стилијанидес.

kk

 

Од Комисијата соопштуваат освен ангажирање на експерти, ЕУ ќе обезбеди „Коперник“ сателитски снимки на службите за итни случаи кои работат во погодените области.

Македонија и минатата година доби помош преку Механизмот за цивилна заштита на ЕУ за време на поплавите во Тетово.

meta.mk