Александар ван дер Белен нов претседател на Австрија

Сподели

qqq

На повторениот втор круг од претседателските избори во Австрија, на кои се гласаше за Александар ван дер Белен и Норберт Хофер, победи поранешниот претседател на зелените, Ван дер Белен.

Тој по преброените 80% од гласовите има недостижнапредност од 6,6 процц=енти.

Шефот на кабинетот на Норберт Хофер призна дека победник на изборите е независниот кандидат Александер ван дер Белен.

Австриската претседателска функција е церемонијална, но на ова гласање се гледаше како показател колку добро можат да поминат популистичките кандидати на претстојните избори во Европската унија. Денешното гласање беше повторено по нерегуларностите за време на мајските избори.

Поранешниот претседател на Зелената партија Ван дер Белен има јасно водство, покажаа првичните резултати, според кои тој има 53,5% од гласовите, а Хофер 46,4%. Кампањата на Хофер се базираше на антимигрантска и националистичка платформа и сугерираше дека Австрија треба да го следи примерот на Велика Британија да ја напушти Европската унија.