Вести Македонија

“Алкалоид” прославува 25 години успешна соработка со Quality Austria

Сподели:

 

Еден од главните постулати во работењето на „Алкалоид“ низ годините е посветеноста кон воспоставувањето и кон примената на врвен процес на управување со квалитетот во целокупното работење на компанијата.

 

Производите на „Алкалоид“, несомнено, претставуваат синоним за врвен квалитет, а потврда за тоа дека сите производствени процеси во компанијата се одвиваат во согласност со светските водечки норми за производство се редовните проверки од домашни и од надворешни законодавни инспекциски служби, сертификациски и нотификациски тела. 

„Алкалоид“ е една од првите компании во регионот и пошироко која уште во 1997 година ги сертифицираше системите за квалитет на своите профитни центри Фармација и Хемија, козметика и билка.

Оваа година АЛКАЛОИД одбележува 25 години од добивањето на првиот сертификат за квалитет ISO 9001 добиен од Quality Austria – независно тело за меѓународна сертификација, кое врши проценки на сообразноста, врз основа на меѓународните стандарди и регулативи, акредитирано од IQNet – The International Certification Network. ISO 9001 ја докажува способноста на компаниите постојано да обезбедуваат производи и услуги што ги задоволуваат законските и регулаторните барања, како и барањата на потрошувачите.  

Долгогодишната успешна соработка на „Алкалоид“ со Quality Austria на полето на сертификациите вбројува добивање повеќе сертификати за квалитет во различни области, во согласност со реномираните меѓународни стандарди ISO 9001:2015, ISO 14001:2015, ISO 45001:2018, ISO 13485:2016, HACCP и ISO 22000:2018 / FSSC22000. 

Сподели: