Алсат-М: Предлог законот за албански јазик на СДСМ со позајмени делови од предлог законот на ВМРО-ДПМНЕ!

Сподели

Законот за албанскиот јазик кој беше постигнат меѓу СДСМ и ДУИ не е предавство, како што тоа му го продава на народот лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски. Телевизија Алсат-М ги дозна деталите на Законот за употреба на албанскиот јазик од ВМРО-ДПМНЕ кој нуди доволно унапредување на албанскиот јазик во институциите, како за време на судските постапки, така и на амблемите на полицијата кое сега ВМРО го одрекува. Не само тоа, туку телевизијата откри и дека поголемиот дел од подоцнежниот закон на СДСМ и ДУИ за употреба на албанскиот јазик во Владата, Собранието, судството, полицијата, граничните табли итн., биле евентуално позајмени токму од законот на ВМРО.

nikola-gruevski

Албанскиот јазик во судството

Еве ги деталите. Законот за албански јазик понуден од ВМРО нудел употреба на овој јазик на сите судски рочишта, дури и ако една од странките во судскиот процес, обвинетиот, тужителот, адвокатот или судијата би биле Албанци, во еден судски процес, сите материјали би биле доставени на двата јазици.

Албанскиот јазик во извршната власт и легислатива

Двојазични материјали би се понудиле и во Владата и во Собранието, каде освен усни би биле и писмени. Сите нацрт-закони или одлуките на Владата би биле на албански јазик и на писмено, со што истовремено би се ставило крај и на праксата на неупотреба на албанскиот и за време на владините седници.

Албанскиот јазик на амблемите

Албанскиот јазик, имајќи ја предвид формулацијата од амандманот 5 од Уставот на РМ, би се користел и на симболите на полициските униформи. Полициските униформи, во сите региони каде Албанците сочинуваат 20% од населението би биле испишани на двата јазици.

Албанскиот јазик на табелите

Алсат дознава дека двојазични ќе биле и таблите на граничните премини во сите региони населени со Албанци, каде што се наоѓаат премините. Така, покрај написот „Република Македонија“ би пишувало и Republika e Maqedonisë на албански, како и името на граничниот премин.

Албанскиот јазик во документите

Во врска со личните документи и во овој закон за Албанците пасошите или личните карти би се издавале автоматски на јазикот на етничката припадност, ставајќи крај на практиката на претходно барање што секој граѓанин Албанец го поднесуваше за да се стекне со документ.

Албанскиот јазик на мениците

Според нацрт-законот до кој дојде Алсат, содржината не е далеку од албанското барање артикулирано во Платформата на албанските партии. Само двојазичност на банкнотите не била предвидена, но сепак, ВМРО мислела албанскиот да се користи на банкарските чекови, мениците или на хартиите од вредност, во економската сфера.

Контролни механизми

И во законот на ВМРО за албанскиот јазик, казната била од 4.000 до 5.000 евра во случај на прекршоци од правни лица, додека 30% од оваа сума би се исплаќала од страна на носителот на институцијата, како одговорен. И во овој закон на ВМРО било предвидено државниот центар за јазици да служи како инспекторат за надзор на употребата на албанскиот јазик од другите институции.

Причината за некоалицирање – Правната држава

Иако аксиомата на партијата на Ахмети е јазична еднаквост – односно официјализирање на албанскиот јазик со сите атрибути како што е македонскиот, претставници на ДУИ признаа дека законот понуден од страна на ВМРО бил доволно добар. Единствената пречка на ДУИ од 5-те точки била само едната.

„Со ВМРО-ДПМНЕ не можевме да ја надминеме точката 4, правната држава, во кој дел се Извештајот на Прибе и СЈО. Сакам да кажам дека ова беше единствениот момент од независноста на Македонија до денес, кога немавме ниедна разлика меѓу СДСМ и ВМРО, за етничките прашања. Ако до денес големите дилеми и проблемите се должеа на различните толкувања помеѓу албанскиот и македонскиот блок, на албанските партии, во врска со начинот на толкување на членот 5 од Уставот, дали албанскиот јазик е на ниво на локалната самоуправа или на државно ниво, ви велам дека со СДСМ и ВМРО немаме разлики за етничките прашања“. – изјави Бујар Османи, портпарол на ДУИ

Земајќи ја предвид понудата за албанскиот јазик, се чини дека единствената пречка за Груевски било евентуално СЈО, а не албанскиот јазик, тоа што ВМРО го квалификува како предавство и нанесување на штета врз македонските национални интереси.