Амандманска расправа за Законот за јазиците во отсуство на опозицијата

Сподели

Членовите на Комисијата за европски прашања, во отсуство на опозицијата, денеска треба да ја одржат амандманската расправа за Предлог-законот за употреба на јазиците.

Комисијата во понеделникот го усвои дневниот ред, по што седницата беше одложена поради неприсуство на претставници на министерството за правда, како претставници на владата.

Вчера пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“објавија дека ќе ја бојкотираат работата на Собранието, бидејќи шестмина нивни пратеници се во притвор и нема соодветни услови да партиципираат во работата на Парламентот.

Претседателот на Комисијата, Артан Груби седницата ја закажа за денеска за 13:00 часот, иако е последен ден за разгледување на 90-те амандмани поднесени од СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ и Беса за Предлог-законот за јазиците.