Амбасадорката Агелер го посети Центарот за управување со кризи

Сподели

Директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов ја запозна амбасадорката на САД Анџела Агелер за претстојните реформи во кризниот менаџмент и цивилната заштита и подготовките за справување со пожарите на отворен простор, капацитетите и ресурсите на државата, како и со искуствата од безбедносните предизвици и кризните состојби во земјата.

За континуираната поддршка во обука, опрема и инфраструктурни инвестиции од САД, директорот Ангелов изрази особена благодарност и верба дека соработката ќе добива нови содржини.

Амбасадорката Агелер го посети Секторот 112, како еден од најзначајните проекти за обезбедување итна помош на лица во опасност, и во разговорот со вработените се запозна со одговорноста да се биде гласот за помош во секое време.