Амбасадорот Марковски во Албанија е повикан на консултации

Сподели

Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија ја информира јавноста дека согласно Законот за надворешни работи македонскиот амбасадор во Албанија, Данчо Марковски е веќе повикан на консултации. 

Поради итноста на материјата очекуваме консултациите да се случат во текот на оваа недела и за сите дополнителни детали јавноста ќе биде навремено информирана.