Ангеловска: Промените не се лесни, а уште помалку се прават со критикување

Сподели

 

“Сите сакаме промени од една страна, но промените не се лесни, а уште помалку се прават со критикување. Ова го  гледам како можност да правам промени, бидејќи тие тешко се прават однадвор, но се прават внатре, во Владата. Не сакам да верувам дека успехот во нашата земја не се простува, како што велат, сакам да докажам дека може да биде спротивното и да бидам  мотивација за други млади луѓе кои се способни затоа што нам ни останува да ги водиме промените”, вели Нина Ангеловска, новоизбраната министерка за финансии за МИА.

 

” Jас како учесник во реалниот сектор секогаш сите одлуки сум ги правела за ивнстирање и ширење на бизнисот врз база на анализа да донесам најдобра одлука каде ќе имаме најдобар поврат на инвестираните средства, каде ќе бидат максимални резултатите, каде ќе се постигне оптимизација бидејќи секогаш играме со ограничени ресурси. Не можам да кажам дека ќе бидам скржава во однос на трошоците, инвестициите коишто ќе се прават за да вратат назад. Оние непродуктивни трошења коишто нема да вратат  назад секако дека може да бидат предмет на штедење. Меѓутоа, не можеме да зборуваме за штедење во капитални инвестиции или проекти коишто ќе донесат економски раст, коишто ќе ја намалат невработеноста. Тука мислам дека е јасно дека не треба да се штеди затоа што гледаме секој денар за којшто ќе се внимава каде се инвестира на граѓаните и тоа ќе биде видливо за сите, нели зборуваме за фискална дисциплина, фискална транспарентност за да може граѓаните да видат каде се троши секој нивен денар… Тука ќе се залагам исто така многу, бидејќи особено во новиот современ свет кога ни стојат на располагање толку технологии ние без технологиите не можеме да разговараме за фискална транспарентност, фискална дисциплина. За да граѓаните го видат сето тоа потребни се нови технологии за коишто, исто така, мислам дека имам добро развиени и чувство и знаење за да може да имплементирам промени.”