Учеството во демонстрациите во градот Ла Паз се зголеми со стапувањето во штрајк на наставниците и здравствените работници
ЛА ПАЗ (АА) – Народот од јужно-американската држава Боливија, за првпат после седум години излезе на улиците во знак на протест против власта, јавува Anadolu Agency (AA).
Учеството во демонстрациите во градот Ла Паз се зголеми со стапувањето во штрајк на наставниците и здравствените работници.
Демонстрантите протестираат во знак на револт против донесената одлука од страна на претседателот на државата, Ево Моралес, за затворање на една од државните фабрики во загуба. По затворањето на текстилната фабрика, над 800 лица останаа без своите работни места.
Рударите, кои исто така се приклучија на протестите, заедно со рударите со инвалидитет предизвикан од експлозии на динамит што се користи во рудниците, излегоа со барање за зголемување на месечниот надомест од 500 боливијани (приближно 72 долари) од страна на Владата.
Лицата со инвалидитет испратија апел до власта за зголемување на месечните надоместоци до едно ниво со кое истите би можеле да имаат еден независен и достоинствен живот како останатите граѓани.
Полицијата, употреби солзавец и палки за да ги растера демонстрантите.
AA.COM.TR