Маслото од кантарион делува многу позитивно и на физичкото и на психичкото здравје. Од кожни заболувања и оштетувања, па сè до депресија, кантарионовото масло има големо влијание да излекува различни здравствени проблеми. Кои се најголемите проблеми кои ќе ги заборавите доколку редовно го употребувате маслото од кантарион?
Депресија
Ова масло има антибактериско и антивирусно влијание, а истражувањата покажале дека има големо влијание врз депресијата, дури и онаа сезонската, односно есенската, затоа што ги враќа во рамнотежа хормоните сератонин и допамин.
Кожни проблеми
Маслото од кантарион е одличен избор како лек за кожни проблеми, поради тоа што делува антибактериски, раните ги лекува брзо, а исто така и изгорениците од прв степен. Сепак, не се советува да се користи и за сончање, бидејќи може да ја зголеми шансата од црвенило на кожата и од изгореници. Не го ставајте на рани кои се уште крвават и нанесувајте го само на местото каде што е раната.
Проблеми со варење на храната и воспаленија
Се користи кога имате болки во стомакот, кај воспаление на јајниците, дијареја и при болки во бубрези.
Болка во уво
Ако имате болки во уво, капнете неколку капки кантарионово масло во увото и затворете го со памук. Ако и по некое време, маслото истече од увото, не ставајте повторно да не ја влошите ситуацијата.
Нарушувањe на нерви
При нарушувања на нерви или народски кажано, преклештување на нерви, употребете две до три капки кантарионово масло со две лажици маслиново масло и нанесете го на болното место на секои три часа.
Масажа
Маслото од кантарион е многу погодно и за масажа, а бидејќи делува антивоспалително, го опушта целото тело, а одличен е и за болки при грбот и вратот предизвикани од напнатост.