Апелациja денеска на јавна седница ќе ја разгледува жалбата за притворот на Талески

Сподели

maxresdefault

Апелациксиот суд Скопје денеска на јавна седница ќе ја разгледува жалбата за куќниот притвор на битолскиот градоначалник Владимир Талески, поднесена од неговите адвокати, потврдија за „Мета“ од судот.

Како што инфоромираат оттаму, седницата е закажана за денеска во 14 часот.

Разгледувањето на предметот за Талески на јавна седница, велат од Апелацискиот суд, било на барање на одбраната на битолскиот градоначалник, која ја обжали одлуката на Кривичниот суд.

Инаку, Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 претходно го укина решението на судијата на претходна постапка со кое на Талески само му беше одземен пасошот и донесе одлука на битолскиот градоначалник да му биде одреден куќен притвор.

Талески куќниот притвор почна да го издржува од 20 јуни, кога битолската полиција почна со спроведување на решението на Кривичниот суд, а нивни екипи прават ненајавени посети во неговиот дом.

Битолскиот градоначалник е првоосомничен во случајот „Транспортер“, што го отвори Специјалното јавно обвинителство (СЈО). Тој заедно со уште 22 лица се товари за злоупотреби со превозот на ученици во Битола, тешки 360.000 евра.

Апелациja денеска на јавна седница ќе ја разгледува жалбата за притворот на Талески