Во Кривичниот суд денеска треба да продолжи судењето за случувањата во Собранието на Македонија на 27. април минатата година. Предвидено е во судницата да се прегледуваат видеоснимките од собраниските камери.
Љубен Арнаудов, кој денеска е во суд за случајот 27 април, изјави дека немал никакви закани, нути пак понуда од пари со кои бил натеран да гласа за уставните измени во петокот во Собранието.
– Доаѓаме да докажеме дека сме невини, немаше никакви закани или пари со кои би нѐ поткупиле да гласаме „за“ – изјави Арнаудов денеска пред Кривичниот суд.
Тој додаде дека нема да се меша во судските одлуки.
– Верувам во судот и тоа што ќе го донесе како одлука ќе го почитуваме и ќе ги користиме сите правни лекови – потенцира Арнаудов, кој посочи дека го обезбедува полицијата по службена должност.