Денес гледајте не пред Уставен Суд Скопје, напиша Данела Арсовска на својот ФБ профил.
“Реферат У.бр.158/2024
Оспорен акт: Одлуката за донесување на ДУП за Градска четврт С3 16 Општина Ѓорче Петров, Скопје од 17.02.2024 година
Подносител: Данела Арсовска, градоначалник на Град Скопје
Во Деталниот урбанистички план кој општина Ѓорче Петров и Министерството за транспорт ги аминувале без позитивно мислење од градот Скопје, загрижува небезбедноста на планот. При катастрофа и криза од природна непогода, се соочуваме со опасност половина Скопје да биде отсечено, бидејќи не е корегиран ДУП-от согласно укажувањата од град Скопје и согласно стандардите.
Спроти пазарот во населбата Ѓорче Петров си изгласаа да се градат 31 зграда, а највисоката ќе биде на 21 кат. Овие нови згради за над 7.000 нови жители се предвидени со Деталниот урбанистички план (ДУП) за градска четврт C3 16, кој Општина Ѓорче Петров го донесе на 15 февруари на вонредна седница.
Со планот се предвидува една 21-катница, една 18-катница, четири 16-катници, две 14-катници, шест 11-катници, седум 9-катници, една 6-катница и девет згради на пет ката. Зградите ќе се градат на просторот од кружниот тек кај Порта Влае кон гаражите на ЈСП „Скопје“, на границата на Општина Ѓорче Петров со Општина Карпош.
ГУП-от предвидува 3.750 максимален број на жители, а ДУП-от 7.244. Со ГУП-от максимално дозволена нето густина на населеност од 335 жители на хектар, додека со овој ДУП е 648 жители на хектар.
Целиот опфат на ДУП-от е во втора заштитна зона на бунарското подрачје Нерези-Лепенец, каде меѓу другото е забранета изградба на нови индустриски комплекси кои во технолошките процеси користат опасни и штетни материи. Забранета е изградба на лесна индустрија, на згради и сè што може да ги загади подземните води, освен ако стручна експертиза докаже дека нема да има штетно влијание врз подземните води, со посебни услови, строги мерки на заштита. Наместо да се дислоцира постоечката индустрија во овој дел, да нема градби, да се заштити просторот, се планира и нова индустрија и еден тон згради.
А таму СРЕД НАСЕЛЕНО МЕСТО И ВРЗ БУНАРИТЕ НА ПИТКА ВОДА ЗА СКОПЈЕ, си поминаа изградба на хемиски фабрики за кои ние имаме доставени во 6 наврати сериозни забелешки за незаконитости и неусогласеност со ГУП и не дадовме позитивна согласност, без која не смее да се гради, напиша градоначалничката Данела Арсовска”, на својот ФБ профил.
