Сојузот на стопански комори на Македонија е дел од официјалната делегација на Претседателот на РСМ, Стево Пендаровски на Република Хрватска. Во рамките на посетата Претседателот на Сојузот, Данела Арсовска учествуваше на работна средба со премиерот на Република Хрватска, Андреј Пленковиќ, како во официјалната програма со претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ.
“Економската соработка со Хрватска има потенцијал за удвојување на трговската размена, при што отворени се можности за инвестиции од областа на индустриското производство, како и можности за развој на туризмот меѓу двете земји” истакна претседателот на ССК Арсовска.
Дел од делегацијата на Сојузот се и потпретседателот Драган Митковски, Претседателот на Индустриската комора Трајан Ангеловски и Претседателот на Туристичко угостителска комора на Македонија Владимир Граматиков.
Претседателот Пендаровски посебен фокус во рамки на официјалните средби посвети на економската компонента, со цел унапредување на економската соработка меѓу двете држави и овозможување раст на трговската размена. Во рамки на дводневната посета претставниците на Сојузот на стопански комори учествуваат на билатерален деловен форум на високо ниво со претставници на Стопанската комора на Хрватска, а под покровителство на Претседателот Стево Пендаровски.