АЦ “ОРИОН”: Вториот најголем метеорит во светот, Ганцедо

Сподели
Вториот најголем метеорит воопшто пронајден беше откриен во близина на малиот аргентински град Ганцедо. 30 тонскиот камен, именуван по градот каде што е пронајден, беше откриен на 10 септември и откопан од тим кој останал воодушевен од големината на овој метеорит.

Метеорит Ганцедо

Откопувањето на метеоритот Ганцедо (с) Ministerio de Gobierno
Се верува дека овој метеорит паднал на земјата пред околу 4.000 години, како дел од железен метеоритен дожд кој покрил стотици квадратни километри, тој паднал на Земјата 1000 километри северозападно од Буенос Аирес на место познато како Кампо Дел Чиело. Се верува дека целосниот астероид тежел околу 600 тони и навлегол во земјината атмосфера со брзина од 14.000 километри на час, каде што се распаднал во дожд од помали метеорити.

Метеорит

Кранот го вади метеоритот за прв пат од неговото ’пристигнување’ пред околу 4.000 години (с) Ministerio de Gobierno
Многу од помалите метеорити биле украдени од Кампо Дел Циело од страна на колекционери на сувенири или метеоритски трговци. Научниците велат дека Ганцедо повторно ке биде измерен за да се добие точна тежина.

Метеорит Хобу

Автопортрет со најголемиот метеорит кој бил пронајден во Намибија (с) Petr Horalek
Најголемиот метеорит некогаш откриен, таканаречен Хоба, паднал во Намибиа пред околу 80.000 години и тежел 66 тони. Хоба бил откриен во 1920 година од страна на фармер кој работел на својата нива. Метеоритот бил оставен на своето место бидејки бил премногу голем за да се премести.
Автор: Атанас Велчевски