Одлуката за јавна набавка на услуги за потребите на Собранието за набавка на авио-билетие во висина од 13 милиони денари за 2 години, со тоа што дел се донација од Швајцарската агенција за развој за потребите на Парламентарен институт.
Ова не значи дека сите средства задолжително ќе се потрошат, сѐ ќе биде во зависност од меѓународната активност. Дел од средствата се рефундираат од организаторите, во зависност од настанот. Сега има актуелна рамковна спогодба со 4 агенции и договорот е сукцесивен. За секоја набавка има посебно барање до 4 компании и се бира најекономичната и најрационална понуда. Очекуваната провизија е 0,01 процент.
Напоменуваме дека е обезбедена конкуренција. Ќе се склучи рамковна спогодба со сите кои ги исполнуваат условите, и конкуренцијата ќе обезбеди поевтино и пофункционално патување.
Оваа постапка е потранспарентна и поконкурентна. Инаку, двата тендера ќе бидат објавени на Европски сајт за јавни набавки за да може и меѓународни агенции да конкурираат.
Постапката трае 45 дена, а пред самиот почеток на постапката се спроведува технички дијалог на кој немавме ниту една забелешка.
Патните расходи за авио билети за 2018 година биле 5 милиони 687.163 денари – стои во соопштението на Собранието.