Авицена Женска Трка – ТРЧАЈТЕ ЗА ЗДРАВЈЕ

Сподели

ТРЧАЈТЕ ЗА ЗДРАВЈЕ, УЧЕСТВУВАЈТЕ ВО АВИЦЕНА ЖЕНСКАТА ТРКА

Во недела, на 31 март, во Скопје ќе се одржи седмата по ред АВИЦЕНА ЖЕНСКА ТРКА со единствена цел – Превенцијата од заболувањата да ја започнеме со вежбање.

Натпреварувањата од овој карактер постојат насекаде низ светот со иста цел – да ја подигнат свеста на жените дека не е доцна да почнат со физичка активност. Во АВИЦЕНА ЖЕНСКАТА ТРКА ќе учествуваат над 2.000 жени од сите возрасти.

Оваа трка е во организација на Сојузот на Спортови на Скопје, а под покровителство на Град Скопје, како дел од промотивните трки на Виз Eр Скопскиот маратон 2019.