Австралискиот кризен штаб ќе одржи итен состанок поради ширење на делта видот на коронавирусот низ целата земја. Поради новиот епидемиски бран, австралиските власти ќе воведат „локдаун“ во Сиднеј и повторно да воведат рестриктивни мерки во другите делови на земјата.
-Влегуваме во нова фаза на пандемија со ширење на заразна, делта варијанта на вирусот. Австралија се соочува со критична ситуација, рече Фрајденберг и најави дека Кризниот штаб, со кој претседава австралискиот премиер Скот Морисон, денес ќе биде информиран за епидемиолошката состојба од главниот медицински советник на владата.
Двонеделна блокада беше воведена минатиот викенд во Сиднеј, најнаселениот австралиски град во кој живее скоро петтина од вкупното население на Австралија.
– Мораме да бидеме подготвени дека бројот на новоинфицирани лица ќе порасне, дека значително ќе порасне, предупреди премиерот на државата Нов Јужен Велс, Гледис Береџиклијан, пред новинарите во главниот град на таа држава, Сиднеј.
Ограничувањата се повторно воведени во Квинсленд, Западна Австралија и Викторија и во главните градови на тие држави, Бризбејн, Перт и Мелбурн, како и во главниот град на Австралија, Канбера.