Родната куќа на нацистичкиот лидер Адолф Хитлер ќе биде срушена за да се спречи истата да стане „неонацистичко светилиште“, соопшти австрискиот министер за внатрешни работи, Волфгант Соботка
– “Kуќата на Хитлер ќе биде срушена. Може да останат темелите, но врз нив ќе биде изградена нова зграда. Тој објект ќе биде користен за хуманитарни цели или ќе го користат локалните власти“, соопшти австрискиот министер за внатрешни работи за австриски Presse.
Австриската влада во јули оваа година донесе одлука за одземање на родната куќа на Адолф Хитлер во местото Браунау од сопственикот.
Одлуката за одземање на куќата е донесена за да се спречи истата да се претвори во место кое би ги привлекувало неонацистите. Министерството за внатрешни работи од 1972-ра година ја изнајмувало оваа куќа од сопствениците, плаќајќи по 4,800 евра месечно за ќирија. Сопственичката одбивала многу обиди за целосен откуп на зградата, па таа сега ќе добие обесштетување.