АВСТРИЈА: Се бара прекинување на пристапните преговори на ЕУ со Анкара

Сподели

austrial-flag

Австрискиот Парламент денеска едногласно ја усвои Изјавата со која се осудуваат апсењата во Турција, и се бара прекинување на пристапните преговори на ЕУ со Анкара и се бара реактивирање на мировниот процес со Курдите.

Шефовите на пратеничките групи ја потпишаа Изјавата, во која наведуваат дека развојот на ситуацијата во Турција се движи во загрижувачки правец и ја повикаа Владата во Виена, во случај на натамошна ескалација, да побара прекин на пристапните преговори со Турција.

 – Кршењата на човековите права не можат да се толерираат, порача шефот на пратеничката група на Слободарската партија Хајнц-Кристијан Штрахе.

Шефот на пратеничката група на Социјалдемократската партија Андреас Шидер истакна дека Парламентот со оваа Изјава упатува јасен сигнал до Турција, Европа и светот дека апсењето пратеници не може да се толерира.

– Имајќи ја предвид актуелната ситуација, членството на Турција во ЕУ е невозможно, порача тој.

Шефот на пратеничката група на Народната партија Рајнхард Лопатка истакна дека основните права и слободи не се нешто за што може да се преговара.

– Европа не може да дозволи да ја уценува претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган, потенцира Лопатка.