АВТОРИТЕ НА ПОКЕМОН НАЈАВИЈА ДЕКА ЌЕ СОЗДАДАТ И ХАРИ ПОТЕР ГО

Сподели

HarryPotterAndTheGobletOfFireGb150811.article_x4-1-702x336

Компанијата која ја создаде Покемон Го, Ниантик, моментално развива верзија на играта со проширена реалност, но овој пат основана на серијалот книги „Хари Потер“.

Ниантик официјално најавија дека работат на Хари Потер Го, поради огромниот успех на Покемон Го играта.

Со оглед на тоа што 15 милиони корисници низ светот ја преземале Покемон Го, обожавателите на серијалот книги на Џ.К. Роулинг и филмовите за момчето-волшебник, отворија петиција за Ворнер Брадерс да создадат слична игра со Хари Потер.

„Побарувачката за оваа игра е апсолутно ненормална, па одлучивме да и дадеме шанса“, изјавил Маркус Фигероа, еден од директорите на Ниантик. Датата на која играта ќе биде објавена не е позната.