Бајден ќе им нареди на милиони владини работници да се вакцинираат

Сподели

 

Претседателот на САД Џо Бајден, воведува построги правила за вработените во јавните институции и презема чекори и приватните фирми да го направат истото, пренесе МИА.

Една од мерките која Бајден ќе ја преземе е потпишување на извршна уредба со која ќе се бара вакцинација на сите вработени во владата.

Вработените нема да можат да се извлечат со редовно тестирање, јави Си-ен-ен.

Претседателот, исто така, ќе потпише извршна уредба за институциите кои соработуваат со сојузната власт – Министерството за одбрана, Одделот за ветерани, Инсијанската здравствена служба и Националниот институт за здравје.

Јакнење на програмата за бесплатно тестирање

Белата куќа проценува дека оваа одредба покрива 2,5 милиони луѓе.

Бакден, исто така, планира да најави проширување на бесплатното тестирање, што е мерка за која здравствените власти рекоа дека е од клучна важност за сузбивање на вирусот, посебно затоа што децата се враќаат во училиште, а некои работници во канцелариите.

Исто така, ќе се откријат повеќе детали за третата доза вакцина, но нема да открие кога за граѓаните на САД ќе бидат достапни дополнителни дози.