Бан Ки-мун: Mожна кандидатура за претседател на Јужна Кореjа

Сподели

Досегашниот генерален секретар на Обединети нации,  Бан Ки-мун навести дека можно е да се кандидира за претседател на Јужна Кореја, пишуваат американските веснци.

Неговиот мандат формално истекува на 31 декември, по што тој од претходно има изјавено дека ќе се врати во Сеул.

На својата последна прес-конференција, како генерален секретар на ОН, Бан објасни дека по враќањето, ќе сака малку да се одмори, а потоа дека би сакал да и помогне на својата земја.

Редовните претседателски избори во Јужна Кореја се предвидени за декември 2017 година, но тие вонредно, би можеле да се одржат за два месеци, доколку се изгласа импичмент за актулениот претседател Парк Гуен Хуе.

Навестувањето на Бан за кандидирање на претседателските избори, доаѓа во време кога осум недели по ред, Јужнокорејците одржуваат демонстрации во Сеул, во кои бараат заминување на Парк.