НУ Камерен оркестар на Битола својот прв концерт оваа година како национална установа, со наслов „Барокна фантазија“, ќе го одржи вечер (26 март) во 20:00 часот во КИЦ Офицерски дом во Битола.
Музичките уметници Симон Поповски (виолина), Ангела Димковска (флејта) и Дејан Цветковски (виолончело), кои се и првите вработени во Оркестарот, ќе го збогатат концертот со својата соло изведба, а како гостин на концертот ќе настапи сопранистката Биљана Јосифов.
– „Барокна фантазија“ е патување кое ќе ги оживее најубавите моменти од барокниот период, и ќе ги спои историјата, културата и уметноста преку моќта на музиката. Ова е само почетокот на патувањето на НУ Камерен оркестар на Битола, кое ветува богатство на музички настани во годината што доаѓа – информираат од НУ Камерен оркестар на Битола.
Влезот за концертот е слободен.