УЕФА ги казни Барселона и Манчестер Јунајтед поради кршење на финансискиот фер-плеј.
Казната за двата клуба доаѓа пред стапувањето во сила на новиот систем заснован на ограничувањето на платите.
Барселона е казнета со 500.000 евра, бидејќи каталонскиот клуб во својот приход го вклучил и профитот од продажбата на нематеријалните средства.
Според прописите на УЕФА, само трансферите на играчи може да се прикажуваат како приход.
Јунајтед е казнет со 300.000 евра поради „ситно“ прекршување на финансиските правила.
Кипарски Апоел, турските екипи Коњаспор, Трабзонспор и Истанбул Башакшехир, белгиските Андерлехт и Антверпен, како и љубљански Олимпија, Слован Братислава и Рига се казнети поради прекршување на прописите.
The post Барселона и Манчерстер Јунајтед добија големи казни од УЕФА! first appeared on .
Powered by WPeMatico