Oдлуката на Апелација која не ги спроведе директно во Шутка обвинетите Горан Грујевски и Никола Бошковски е незаконитa, тврди поранешниот претседател на Врховниот суд, Дане Илиев.
Објаснува дека извршувањето на решението за притвор и правото на жалба се два различни поими во правото. Додава дека во истиот момент кога е изречен притворот – требало и да се спроведе. Истото го тврди и неговата колешка, поранешна судијка во највисокиот суд, Вера Коцо. Апелациониот суд погрешил кога одлучи дека мерката притвор ќе биде реализирана откако решенеито ќе биде правосилно.
„Во случајов што се случи, Апелациониот суд го чекаше законскиот рок на одлучување да помине дури и во послениот ден и минути од времето за одлучување ја донесе одлуката што им даде време на обвинетите да се подготват за некакво поинакво решение според нивните проценки. Ваквата одлука отиде по жалба пред Врховниот суд, но судот не смогна сили исто така навремено да донесе одлука туку исто така чекаше псоледен момент за донесување на одлуката што беше веќе доцна за извршување на каква била активност и за извршување на мерката притвор“, вели Коцо, поранешен судија во Врховниот суд.
Според Коцо, треба да се испита постапувањето на судиите и во Апелација и во Врховен и да се утврди дали нивните одлуки се законски.
„Секој мора да одговара за тоа шт го направил тоа треба да се испита од одреден орган кој тоа го работи и да утврди дали постапувал правилно.“ – вели таа.
Правото на жалба на одлука за притвор во ниту еден случај во македонската судска пракса не го задржува неговото извршување, смета и поранешната судијка на Врховен Милка Ристова.
„Тука е грешката на судовите, а последицата сите што ја сведочиме, односно бегство на обвинетите“, вели Ристова.
Ваквата пракса ја постави Врховниот суд во случајот со укинувањето на притворот за Сеад Кочан кој од бегство беше спасен од притвор а таа им овозможи на обвинетите Грујевски и Бошковски да си го испланираат бегството додека го чекаат правосилното решение за притвор, додаваат поранешните судии за Телевизија 24.