Американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“ денеска почнува со изградбата на Коридорот 8.
Во селото Горна Бањица меѓу Гостивар и Кичево ќе се изврши првото минирање, а стартот на работите ќе го означат првиот вицепремиер и координатор на проектот, Артан Груби, придружуван од министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и директорот на ЈП за државни патишта Ејуп Рустеми.