На утрешната седница Владата ќе ги замрзне маржите на оризот и јајцата согласно цените кои биле претходно во текот на месец март, изјави денеска на прес-конференција, министерот за економија, Крешник Бектеши.
Кај шеќерот и брашното нема да се интервенира со замрзнување, затоа што веќе има наламување на цените на овие производи и тој тренд се очекува да продолжи.
Очекуваме цените на шеќерот и брашното сами да паѓаат, но ако тоа не се случи од страна на трговците, до крајот на оваа или почетокот на идната недела ќе има дополнителни одлуки за цените на овие производи, истакна Бектеши.
Министерот Бектеши најави дека во април се можни нови мерки во однос на цените.