Вести Свет

Белата куќа објави список на осомничени за тероризам во САД

Сподели:

 

Белата куќа објави список со 24 осомничени и обвинети луѓе за тероризам кои дошле во САД, од држави за кои се однесува Указот на претседателот Доналд Трамп за ограничување на имиграцијата, објави Фокс њуз, пренесува МИА.

Во него се бегалци и имигранти кои пристигнале од Сомалија, Судан, Ирак, Иран, Сирија, Либија и Јемен и се приведени поради обвиненија за тероризам. Според медиумот, во списокот се луѓе од изминатите осум години.

Претходно, Белата куќа објави список со 78 терористички напади за кои според нив, недоволно јавно известиле американски медиуми.

Сподели: