Белгија: Во оружен напад убиени двајца полицајци и случаен минувач

Сподели

 Најмалку три лица загинаа во оружен напад во белгискиот град Лиеж, јавува Anadolu Agency (AA).

Локалните медиуми наведуваат дека загинале двајца полицајци и случаен минувач. Според првичните податоци, нападот се случил во утринските часови кога напаѓачот отворил оган врз полицајците кои минувале низ улицата.

Потврдено е дека се убиени двајца полицајци и еден цивил. Неутрализиран е напаѓачот кој како заложник држеше вработена во подрачно училиште.

На местото на настанот се наоѓаат голем број амбулантни возила, а преземени се и опсежни безбедносни мерки.