Бензинот од полноќ поскап за 1,5 денари за литар, дизелот за 2 денари за литар

Сподели

 

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕВУ), денеска ги одреди новите максимални цени на горивата. Безините ќе бидат поскапи за 1,5 денари за литар, а дизелот ќе се продава за 2 денари повеќе за литар.

Со тоа новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 81 денари за литар, а ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава за 83 денари за литар.

Новата цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе биде 73,5 ден/лит, а малопродажната цена
на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 73 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,815 денар/килограм,и ќе изнесува 46,537 ден/кг.