БЕСА: Нема да коалицираме со криминалците од ДУИ- првенствено техничка влада за СЈО и НАТО, па избори

Сподели

Сите политички субјекти што ќе ги почитуваат нашите позиции, нашите принципи и цели се добредојдени за разговор за можно заедничко формирање нова влада, изјави за МКД.мк Африм Гаши, генералниот секретар на движењето Беса.

Тој не сакаше да ја коментира средбата на претседателот на движењето Билал Касами со албанскиот премиер Еди Рама, но за можното коалицирање со ДУИ Гаши вели дека тоа е речиси невозможно.

„Не можете да коалицирате со луѓе што се длабоко навлезени во криминални и коруптивни зделки. Ние за тоа и го формиравме движењето. Но ако и таму се сменат работите, ако на чело на таа партија дојде нова екипа, нови неизвалкани личности, тогаш вреди да се разговара и со нив“, вели Гаши.

Една позициите на БЕСА за нова влада, според Гаши, ќе биде и формирањето техничка влада преку еден поширок консензус, влада што би го решила проблемот со името, со членството во НАТО, со непречената работа на Специјалното јавно обвинителство, а потоа и би организирала нови предвремени парламентарни избори.