Во чест на одбележувањето на јубилејот „80 години Македонски народен театар“, денеска (3 април 2025 г.) во МНТ од 10 и од 12 часот ќе има две изведби на детската претстава „Распеана турлитава“.
Во 18 часот ќе биде одиграна претставата „Бели ноќи“, од 19:00 часот „Мој термин“ и од 21:30 часот претставата „Торонто експрес“.
На 5 април во 20 часот, пак, на малата сцена, публиката ќе може да го проследи поетско-музичкиот проект „Поетроника“ од актерот Оливер Митковски и Андреја Ристески-Салпе, што ја спојува современата македонска поезија со електронската музика.
Билетите се бесплатни, а публиката ќе може да ги подигне на билетарницата на МНТ.
