Безглутеинска пица со карфиол

Сподели

Ако избегнувате глутен или житарици воопшто, еве еден совет како да направите пица за кое што при подготовка на тестото не ви е потребно брашно.

Потребни состојки 2 ½ шољи сецкан карфиол, едно јајце 1 ¼ шоља рендана моцарела, 2 лажици рендано тврдо сирење, сол, бибер, ¼ шоља доматен сос, неколку шери домати пресечени на половина, 2 чешниња сецкан лук, ¼ лажица црвен пипер или буковец и свеж босилек.

Подготовка

Загрејте ја рерната на 220 С. Исецканиот карфиол потпечете го додека не омекне. Извадете го да се подизлади. Додате ја моцарелата (1/4 оставете на страна), додадете го ренданото тврдо сирење, сол, бибер и добро измешајте ја смесата. Плехот за печење намачкајте го со масло и нанесете ја смесата. Печете го тестото 10-15 минути, додека не добие убава златеста боја. Прелијте го со остатокот од моцарелата, сецканиот лук, доматниот сос, половина од шери доматите и вратете да се допече во рерната уште 10 минути. Пред да ја сервирате пицата, додајте ги остатокот од шери доматите, босилекот и по желба омилен зеленчук.