Ѕвоното на Биг Бен престана да се огласува, и ќе продолжи да “молчи” наредните четири години, се додека трае реновирањето на Британскиот парламент.
Чеканите, кои го удирале ѕвоното тешко 13,7 тони секој час последниве 157 години, ќе бидат отстранети, а ѕвоното нема да се огласува ни за важни настани како што е прославата на Нова Година.
Во рамките на реконструкцијата, и целиот механизам на Биг Бег ќе биде растурен на делови, а секој негов дел ќе биде исчистен и обновен.
Работната верзија на часовникот ќе остане, меѓутоа, за да покажува точно време, но без звук, а ќе го придвижува современ електричен мотор се додека повторно не се инсталира првобитниот механизам, откако ќе заврши реновирањето во 2021. година, кога повторно ќе се слушнат познатите, стари ѕвона на “Биг Бен”.