БИХ: Уставниот суд ги поништи резултатите од референдумот во РС

Сподели

bosnia-herzegovina-flag-60-p

Уставниот суд на Босна и Херцеговина денеска донесе одлука за поништување на резултатите од референдумот одржан на 25 септември во Република Српска, со образложение дека таквата одлука не е во согласност со Уставот на БиХ.

 Одлуката е донесена бидејќи референдумот е спроведен врз основа на Одлуката за распишување на републики референдум од 15 јули, за која Уставниот суд утврди дека не е во согласност со Уставот на БиХ и спротивно на налогот од Уставниот суд за Одлука за привремена мерка од 17 септември.

Судот утврди дека наведената одлука не е во согласност со Уставот на БиХ бидејќи за референдумското прашање веќе постои конечна и обврзувачка одлука на Уставниот суд и истата треба да се почитува од сите органи и институции на јавната власт.