Најмалку 50 лица се убиени, а 53 се ранети во пукањата што се случија во клуб за хомосексуалци во Орландо, а помеѓу повредените е и еден полицаец.
Напаѓачот е идентификуван како 27-годишниот Омар Матен, а полицијата проверува дали е поврзан со некоја екстремистичка организација.
Матен живеел во место 150 километри оддалечено од Орландо. Според првичните информации, неговите родители се со потекло од Авганистан.
Тој во клубот неколку часа држел заложници, а потоа бил убиен во полициска акција.
Пукањата и нападот во ноќниот клуб може да се третираат како „домашен терористички напад“, соопшти локалната полиција која истражува дали напаѓачот дејствувал сам.
Во меѓувреме, ФБИ соопшти дека е можно напаѓачот да имал склоност кон исламистички екстремизам.
Билансот на жртвите при нападот во клуб во Орландо достигна 50 лица